Во обична вода спакувана во лименки досега инвестирани околу три милиони долари

26

Фото: Facebook

Поранешниот креативен директор на Netflix, Мајк Цесарио, стои зад стартапот Liquid Death (течна смрт), којшто пакува и продава вода во лименки. На Amazon еден пакет од оваа “течна смрт“ се продава за 21,99 долари, пишува Washington Post.

Но, не станува збор за некоја опасна или смртоносна течност, туку за обична алпска изворска вода од Австрија, што е спакувана во лименка од половина литар и е брендирана со “кул“ натписи.

Цесарио за својата идеја успеал да собере 1,6 милиони долари инвестиции во првата фаза. Досега необичниот старт – ап доби финансиска поддршка од 2,25 милиони долари од познати инвеститори, меѓу кои е соосновачот на Twitter, Биз Стоун.