Во октомври издадени дозволи за изградба на 2.311 нови станови

36

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2021 година се издадени 509 одобренија за градење, што е за 88.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 9.719.076 денари, што е за 155.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 321 (63.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 57 (11.2 %) за објекти од нискоградба и 131 (25.7 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 509 објекти, на 299 (58.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 210 (41.3 %) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 2.311 станови, со вкупна корисна површина од 164.243 метри квадратни .