Во полошко од над илјада занаетчии за мерките за поддршка се пријавуваат едвај седум проценти

29

Во полошкиот регион само седум проценти од занаетчиите и малите бизниси се пријавуваат на јавните повици за државна поддршка и тоа разочарувачки факт, рече министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши кој денес беше во работна посета на Гостивар.

Министерот Дурмиши имаше средба со занаетчии и сопственици на мали бизниси од гостиварско како дел од иницијативата и акциски план на ресорното министерство и е трета средба по оние во Чаир и Прилеп.

Дурмиши на овие средби ги објаснува условите во објавени јавни повици за поддршка на мали и средни претпријатија и занаетчии, но напомена дека одзивот е слаб, особено во тетовско-гостиварскиот регион.

– Факт што е разочарувачки е дека кај нас само седум проценти од полошкиот регион аплицираат на овие јавни повици. Така што, ние ќе му дадеме повеќе внимание за да се биде исто како и другите региони.

Ќе ги информираме за начинот за аплицирање и ќе зборуваме со нив за нивните предизвици и да им излеземе во пресрет, изјави министерот Дурмиши.

Тој не ги знае причините за ваквиот одзив и напомена дека на овие средби ќе се добијат повеќе одговори со што како што рече ќе се сопре трендот на намалување на бројот на занаетчии.

Првиот човек на националната комора на занаетчии, Агрон Фазлија, посочи дека од причините за слабиот одзив на јавните повици е неинформираноста, но и незаинтересираноста на сметководителите кои, како што рече треба да ги упатат занаетчиите за можноста да добиваат финансиска и друга поддршка- Повиците се на веб-страната на Министерството за економија, сметководителите треба да ги информираат своите клиенти бидејќи тие плаќаат за тоа.

Нема секој занаетчија можност да го најде повикот и да знае кои документи му се потребни.

Затоа националната комора ова го лоцира како конкретната причина за малиот број на пријави, рече претседателот на коморота на занаетчии на Македонија Агрон Фазлија.

Тој на новинарско прашање како да се подобри оваа ситуација, одговори дека тоа ќе мора да се прави низ директни средби со сметководителите за да им се објаснат мерките и да има што повеќе вршители на занаетчиска дејност кои аплицираат за мерката.

Фазлија искажа задоволство од ангажманот на министерот и дека заеднички ќе се справуваат со сивата економија во Македонија.

Домаќин на средбата во Гостивар, беше вршителот на должноста градоначалник на општината, Ваљбон Лимани.

Министерот со негово разговарал за можната на проширување на соработката и како локална самоуправа да помогнат во развојот на малите бизниси.