Во преработувачката индустрија во октомври искористени 70,9 проценти од капацитетите

11

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври во однос на септември годинава е намален за 0.1 процентен поен и изнесува 14.7, а  споредено со октомври лани е зголемен за 0.9 процентни поени, објави денеска Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во октомври 2021, во однос на септември 2021 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.Оценката за економската состојба на деловните субјекти во октомври 2021 година е понеповолна во однос на претходниот месец, a поповолна во однос на октомври 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Податоците на ДЗС покажуват дека просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2021 година изнесува 70.9  проценти од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недоволната странска побарувачка со 20,8  проценти, неизвесното економско опкружување со 13,7  проценти, недостигот на квалификувана работна сила со 17,4  проценти и недоволната домашна побарувачка со 12 проценти.