Во Прилеп започна исплаќањето на субвенциите за тутунот

24

Започна исплаќањето на субвенциите за тутунот од 60 денари за еден килограм откупен тутун денеска во Прилеп. Од Тутунска и Охридска банка информираат дека е започнато исплаќањето на субвенциите за тутунот предаден во Алијанса од Кавадарци, Сокотаб од Битола, прилепскиот тутунски комбинати и Струмица табак.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека поддршката од 60 денари за килограм тутун континуирано ќе им се исплаќа на тутунарите. Според Државниот земјоделски инспекторат до 10 февруари се откупени 23.508 тони тутун по просечна цена од 155 денари за килограм. Реколтата на тутун се проценува дека изнесува 30.000 тони.