Во продажба нема увезено млеко со афлатоксини

95

dugotrajna-mlekaЕдинствено спорна од увезените млека од Србија е одредена количина од производот Moja kravica 2,8%MM, со рок на траење до 14 август 2013.4EN 10, од производителот Imlek Белград.

Ова беше соопштено од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија. Инспекторите, по вчерашното официјалното известување од српската Управа за ветеринарство за повлекување од продавниците во Србија на повеќе видови млеко, кај кои е утврдено зголемено присуство на афлатоксин М1, веднаш излегле на терен и започнале со контролите на продажните места и во магацините на увозниците.

Од Агенцијата велат дека целокупната увезена количина се наоѓа во магацините на увозникот, што значи дека спорниот производ не е пуштен во промет.

“Инспекторите од Агенцијата зедоа мостри од наведениот производ со цел потврдување на резултатот, и со истиот ќе се постапува во зависност од лабораторискиот извештај”, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Како резултат на донесеното Решение за задолжително лабораториско испитување на млекото и млечните производи кои се увезуваат во Република Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека утврдила зголемено присуство на афлатоксинот М1 во уште еден производ по потекло од Република Хрватска.

“Станува збор за производот Млеко Дукат УХТ 2,8%ММ +7 витамини 1Л, со рок на траење до 19.04.2013 година. Целата количина од овој производ (околу 2.000 литри), се наоѓа во магацинот на увозникот, односно воопшто не е пуштенa во промет и истиот, согласно законската процедура ќе биде уништен. Останатите производи од наведената пратка (вкупно 35) се исправни и тие ќе бидат пуштени слободно во промет”, велат надлежните власти.

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија продолжува будно да ги следи случувањата во делот на млекото и да презема соодветни мерки и активности за заштита на потрошувачите, се вели во соопштението.