Во првиот квартал трговскиот дефицит во ЕУ изнесуваше само две милијарди евра

54

Во првиот квартал од 2023 година ЕУ забележа трговски дефицит од само две милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Евростат.

Во третиот квартал од 2022 година претходно беше забележан многу поголем трговски дефицит од 150 милијарди евра, а во последниот квартал од минатата година тој практично се преполови, на 78 милијарди евра.

Во првиот квартал од 2023 година извозот од ЕУ е намален за 1,4 отсто, како и увозот – за 11,5 отсто во однос на претходниот квартал, пишува РТВ.

Вкупната вредност на извозот изнесува 656 милијарди евра, додека ЕУ увезе стоки за 658 милијарди.

ЕУ во првиот квартал забележа трговски суфицит во категоријата храна, пијалаци и тутунски производи во износ од 16 милијарди евра, како и во категоријата хемиски производи – речиси 55 милијарди евра, а во категоријата машини и возила – 47 милијарди евра.

Значителен трговски дефицит е забележан во категоријата енергетски производи – 114 милијарди евра, како и во категоријата суровини – девет милијарди евра.