Во првите пет месеци од годинава извезени стоки во вредност од 3,356 милијарди евра

60

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – мај годинава изнесува 3.356.208.000 евра и бележи пораст од 18,8 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, пак, изнесува 4.973.195.000 евра, што е за 29,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај годинава изнесува 1.616.988.000 евра.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, во првите пет месеци од годинава најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.