Во првите три квартали компаниите од ТИРЗ реализирале извоз од 2,8 милијарди евра

65

Економијата во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) и покрај предизвиците го одржува трендот на добри резултати. Во првите три квартали годинава е регистриран вкупен извоз од 2,8 милијарди евра, а само во септември извозот достигнал половина милијарди евра, рече денеска директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Посебно радува фактот, напомена Деспотовски, што продолжува да расте и бројот на работни места.

Директорот очекува рекордна година во зоните од аспект на економската активност.