
Во Русија, во првата половина од годината, е забележан значителен пад на производството на вотка, со истовремено зголемување на производството на вино и шампањ, според податоците објавени денес од Руската федерална служба за регулирање на пазарот на алкохол.
Вкупното производство на алкохолни пијалоци во Русија се намали за 16,1 процент на годишно ниво во периодот јануари – јуни 2025 година во споредба со истиот период минатата година.
Производството на вотка се намали за 10,9 проценти и изнесува 31,38 милиони декалитри, додека производството на коњак се намали за дури 17 проценти и изнесува 3,45 милиони декалитри.











