Во Русија за петпати зголемен бројот на невработени

25

Во изминатите шест месеци бројот на невработени во Русија се зголеми за петпати, изјави тамошниот министер за труд, Антон Котјаков.

Според официјалните податоци, во Русија во овој момент има 3,6 милиони невработени. Пред почетокот на пандемијата, во март во Русија имаше 727.000 невработени.

Руската економија имаше пад и пред пандемијата, најмногу поради падот на цената на нафтата на светските пазари. Пандемијата само го забрза тој пад, пренесуваат тамошните медиуми.

Освен економијата, пад на вредноста има и кај руската рубља во однос на американскиот долар и тоа за околу 15%.

Фото: Freepik