Во САД отворено првото канабис-кафуле

234

Калифорнија го доби првото кафуле што освен храна, кафе и сок се служи и канабис.

Lowell Cafe е прво вакво кафуле во САД, каде што гостите, кои задолжително мора да имаат 21 години, слободно конзумираат марихуана, а љубезните домаќини им даваат инструкции на оние кои прв пат пробуваат нешто ново.

Сепак пред да конзумираат канабис, мора да одговорат на неколку прашања на пример кој е нивниот праг на толеранција и дали имаат обезбедено превоз до дома.

Генералниот менаџер на кафулето вели дека идејата е да се тргне стигмата за негативното влијание на марихуаната, пишува CBSnews.

Во објектот има Dab Bar за оние поискусните и Flower House за почетниците каде домаќините се на располагање за секакви прашања.

Калифорнија моментално има 10.000 лиценцирани оператори со канабис, со што е најголем пазар од ваков тип во САД.

Фото:Facebook