Во САД се гради флексибилен мост што би бил отпорен на силни земјотреси

11

fleksibilen-most

Во американскиот град Сиетл се гради флексибилен мост, што би можел да остане неоштетен во случај на земјотрес, пишува Geekwire.

Вообичаено, при изградба на мостовите се користи арматура што му ја дава неопходната цврстина. Но, класичната арматура сега е заменета со флексибилни метални шипки (Shape memory alloy), коишто лесно може да се вратат во првобитната положба. За да биде целосно флексибилен овој мост, потребен е и бетон којшто содржи влакна што му ја даваат неопходната еластичност.

Комбинацијата на овие два материјала е тестирана во лабораторија за земјотресно инженерство на Универзитетот Невада. Во текот на тестирањето, применета е сила еднаква на земјотрес со магнитуда од 7,5 степени.

Инженерите уверуваат дека не постои 100% гаранција дека некоја структура може да биде отпорна на земјотреси, но овој мост би можел да ја апсорбира силата на земјотресот и да ја обезбеди неопходната безбедност.