Во Сараево одржан Бувјак без пари – сè е бесплатно

29

1

Во Сараево, во просториите на кино Босна, вчера се одржа настанот Бувјак без пари, чија цел беше да се соберат заинтересирани за да разменат или да подарат работи што не им се потребни.

Освен предмети, облека, книги, на настанот се нудеа и различни услуги како часови за некој предмет, чување на деца…, пишува Klix.ba.

“Правилата на Бувјак без пари се едноставни – сè е бесплатно, делиме сè што не ни треба, земаме што ни треба. Работите за коишто никој нема да биде заинтересиран, ќе се објават на Фејсбук страницата Free shop”, велат организаторите, проектот Добре Коте.
Фото: Фејсбук