Во Саудиска Арабија ќе се гради најголемиот хотел во светот

45

Abraj-Kudai-1Во Саудиска Арабија ќе биде изграден најголемиот хотел во светот наречен Абрај Кудаи, пишува Arabian Business.

Планирано е мега зданието да содржи 10.000 соби во 12 различни кули што ќе изгледаат како модерна пустинска тврдина.

Хотелот ќе зафаќа површина од 1,4 милиони метри квадратни, а ќе биде лоциран во областа Манафиа, односно центарот на Мека.

За неговата изградба ќе бидат одвоени 3,5 милијарди долари, а истиот ќе вклучува и 70 ресторани, хелиодром на покривот, голем центар за собири и друго.

Десет од дванаесетте кули ќе нудат сместување со четири ѕвезди, додека останатите две ќе бидат ултра луксузни со пет ѕвезди.

Абрај Кудаи се очекува да биде комплетиран во 2017 година.

Abraj-Kudai-2Abraj-Kudai-3Abraj-Kudai-5