Во септември 87,9 отсто од потрошената струја од домашно производство

59

Во септември годинава во државата се потрошени 528. 695 мегаватчасови електрична енергија, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, во истиот период е регистрирана потрошувачка и на 37.226 милиони  нм кубни природен гас, 435.707 тони јаглен и 92.829 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 87,9 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,61 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.