
Според првите прелиминарни проценки, Еврозоната во септември забележа суфицит од 19,4 милијарди евра во трговијата со стоки со остатокот од светот, што претставува зголемување во споредба со август кога суфицитот изнесуваше само 1,88 милијарди евра, објави денес Евростат.
Резултатот е исто така поповолен отколку во септември 2024 година, кога суфицитот изнесуваше 12,9 милијарди евра.
Вредноста на извозот на стоки од Еврозоната кон остатокот од светот во септември 2025 година изнесуваше 256,6 милијарди евра, што претставува зголемување од 7,7 проценти на годишно ниво, додека увозот во исто време се зголеми за 5,3 проценти на годишно ниво на 237,1 милијарди евра.











