Во септември: Годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и од 5,8% на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 8,9%, како резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поголем придонес на секторот домаќинства. 

Годишниот пораст на кредитите од 5,8% произлегува од повисокото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес на секторот домаќинства.