Во септември во ЕУ се регистрирани 809.163 нови автомобили, што е намалување за 6,1% на годишно ниво

25

Во земјите на Европската унија во септември се регистрирани 809.163 нови автомобили, што е за 6,1 отсто помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA).

Резултатот е нешто поповолен од август, кога е забележано големо намалување на регистрациите на нови патнички возила за 18,3 отсто на годишно ниво.

Септемвриските резултати од главните европски пазари јасно укажуваат на пад на продажбата на автомобили на годишно ниво во Франција за 11,1 отсто, Италија за 10,7 отсто и Германија за седум отсто, додека Шпанија забележа раст од 6,3 отсто.