Во Шпанија поставен фрижидер на солидарноста

16

fridge11

Во градот Галдакао, Шпанија, жителите поставија фрижидер на солидарноста, со цел да се намали фрлањето на исправна храна. Фрижидерот е поставен во април, а во него секој може да остави храна, но и да земе. Идејата е на Алваро Саиз, кој претходно водеше банка за храна за сиромашните, а сега е во Монголија, каде што работи на следниот проект – гради болница за деца со хедикеп.

Саиз дошол на идеја откако прочитал за сличен систем во Германија, каде луѓето онлајн постирале каде има вишок исправна храна, за оние што имаат потреба, да ја земат. Но Саиз сакал нешто помалку технолошки што ќе функционира за неговиот град, нешто што ќе биде прифатливо и за постарите жители кои не користат интернет. Затоа му предложил на градоначалникот да постават фрижидер на солидарноста, пишува NPR.

Во фрижидерот не смее да се ставаат свежо месо, риба или јајца. Домашната храна треба да биде одбележана со дата, а волонтери се грижат сè што е внатре да биде употребливо.

Остатоци од храна оставаат рестораните, а има неколку жени кои готват специјално за оние што немаат пари за храна.

По поставувањето на ваков фрижидер во Галдакао, идејата се прошири во Шпанија, па локалците поставија фрижидер и во Мурсија.