Во Штип ќе се произведуваат автобуски каросерии

83

006 Slika od Stip Општина Штип, преку Јавното претпијатие Штип проект направи измена на Детален урбанистички план за да вметне нова градежна парцела за изградба на индустриски капацитет во кој ќе се произведуваат автобуски каросерии.
Директорот на ЈП Штип проект, Александар Шумански, прецизира дека новиот капацитет ќе биде во близина на индустриската зона Север, кај магистралниот пат Штип-Струмица.
“Инвестицијата е домашна, индустриската парцела е 12 хектари. Предвидена е изградба на фабрика за производство на автобуски каросерии, каде ќе се вработат околу 500 лица”, рече Шумански.
За следната година, општина Штип најавува промена уште на два Детални урбанистички планови, каде треба да се предвидат градежни парцели за лесна и незагадувачка индустрија.