Фото:Youtube
Во Швајцарија почна да работи најстрмната жичница. Новата жичница има посебни цилиндрични вагони што овозможуваат патниците да останат во исправена положба во текот на возењето, јавува BBC.
Подовите, исто така, се прилагодуваат на искачувањето за време на патувањето од четири минути долго 750 метри од градот Швиц до алпското село Стоус.
Изградбата на оваа жичница траеше 14 години, а чини 52 милиони швајцарски франци.