Во следните 10 години, со растот на Халкбанк ќе се зголеми благосостојбата на луѓето – 10 брзи прашања со Билал Суџубаши, Главен извршен директор на Халкбанк

21

10-годишнината на Халкбанк на македонскиот пазар навистина е светол пример за стабилна, безбедна и долгорочна компаниска стратегија. Компанијата, која пред 10 години броеше 23 филијали и 270 вработени, денес може гордо да се пофали со 45 филијали низ државата, 670 вработени и исклучителна грижа за своите корисници, за заедницата и за својот тим.

Во видеоинтервјуто со Суџубаши, сведоци сме на кратката, јасна и детална стратегија на компанијата за следните 10 години, на светлите перспективи на македонскиот пазар и на целата заедница воопшто.

Видеоинтервјуто со Главниот извршен директор на Халкбанк, Билал Суџубаши, е дел од 10-годишнината од постоењето на Халкбанк на македонскиот пазар. Како и досега, Халкбанк продолжува со инвестирање во луѓето, во нивниот потенцијал и во нивната светла иднина.