Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски денеска информираше дека веќе во декемвриските сметки за струја го има надоместокот од 200 денари за мрежарина. Како што вели Бислимовски, јануарските сметки во текот на февруари ќе го немаат тој надоместок, за да се тргнат сите сомнежи дека тоа е екстра давачка или профит за некого.
-РКЕ укажа на Електродистрибуција тоа да го направи. Во јануарските сметки, нема да биде тој надоместок. Понатака до крајот на година, ќе си го има надоместокот од 200 денари. РКЕ го прави ова за да ги убедиме сите дека новиот надоместок нема да биде екстра профит за ниту една компанија. Довербата што треба да се гради меѓу потрошувачите и операторот на дистрибутивниот систем, мораме да ја промовираме и зголемување. Во таа насока, во јануарските сметки што граѓаните ќе ги добијат во февруари, ќе го нема надоместокот од 200 денари, рече Бислимовски на прес-конференција.
Надоместокот, според првиот човек на РКЕ, не го згрешиле од ЕСМ. Додаде дека ова се прави за да бидат сите на чисто и да се зголеми довербата. Не станува збор за грешка, дециден е Бислимовски.