Во Србија е откриено ново наоѓалиште на злато

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во Србија е откриено ново наоѓалиште на злато и калциум карбонат, пренесув Бизнис.рс.

„Најдовме калциум карбонат во Србија. Како да нè погледна Господ. Во еден од најсиромашните делови на Србија е пронајдено целосно ново наоѓалиште на злато“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека е пронајдено едно од 80-те најголеми наоѓалишта на злато на територијата на Србија. Сепак, тој истакнува дека за него литиумот сè уште е актуелна тема, но дека не се ископува.

Ќе направев сè поинаку, но гледам дека такво расположение нема во Владата на Србија“, посочи тој.