Во Србија ќе се прават кожни седишта за луксузни автомобили

55

pasubio2

Фото: Pasubio

Италијанската компанија Pasubio ќе отвори погон во српскиот град Шабац, каде ќе изработува кожни седишта за луксузните автомобили на Lamborghini, Porsche, Jaguar, Ferrari, BMW и Bentley. Компанијата Pasubio потпиша договор со компанијата Alliance One Tobacco за купување на хала од 5.000 метри квадратни во Шабац, каде ќе го започнат производството, пишува Блиц.

Малата фирма на италијанското семејство Прето е основана во 1955 година, а денес е една од клучните играчи на меѓународниот пазар за преработка на кожа. Досега произведувале само во Италија, а Шабац е првото место во кое ќе работотат надвор од земјата и на почетокот ќе вработат 200, а во наредните три години уште 300 лица.

Сопственикот на компанијата, Лука Прето, вели дека планираат да започнат со производство до јуни, а претежно ќе вработуваат жени кои знаат да шијат кожа.