Во Србија се отвора нов рудник: Ќе се копа злато вредно милијарда евра

72

Во Србија се планира да се отвори нов рудник за злато во источниот дел на земјата, што би можело да донесе приход од милијарда евра.

Надлежното министерство го одобри планот на српско-канадскиот конзорциум, кој има намера да бара златна руда седум години.

Областа за рудникот, беше именувана како Потај Чука-Тисница. Доколку предлогот на министерството ги надмине најновите административни пречки, српско-канадскиот конзорциум на компании предводен од Dundee Precious Metals, на кого му е доделена концесија за работа со рудникот, најверојатно ќе започне со работа следната година.

Инвестицијата се проценува на околу сто милиони евра. Се очекува компаниите што ќе го градат и работат рудникот да најдат околу 20.000 килограми злато. Вредноста на ископаната златна руда по сегашните пазарни цени би била околу една милијарда евра.