Во супермаркети во Швајцарија ќе се продаваат хамбургери од инсекти

45

hamburger-i-pomfrit

Швајцарскиот синџир на супермаркети, Coop, во иднина ќе продава храна во којашто има инсекти, пишува The Local.ch.

Coop ќе почне да продава ваков вид на храна во соработка со швајцарскиот старт – ап Еssento, којшто е специјализиран за развој на храна со инсекти. Од соработката се очекува да произлезе необична храна богата со протеини. Планирано е да се направат хамбургери и ќофтиња во коишто ќе има инсекти.

Досега законската регулатива во Швајцарија налагаше забрана за сите необични прехранбени производи, како што е храна во којашто има инсекти. Но, федералната канцеларија за безбедност на храна на земјата, од први мај следната година, го поедноставува системот со што вакви производи може да се најдат во комерцијална продажба.