Во тек е исплата на парите од “Мој ДДВ”

45
Исплатата на МојДДВ за третиот квартал 2024 година е во тек.
До сега се изготвени налози за поврат кон 370.603 лица во износ од 658.280.592,00 денари.
За реализација преостануваат 212.169.331,00 денари за 120.000 корисници на апликацијата МojДДВ.
 Согласно евиденцијата на Управата за јавни приходи 5.487 лица ја немаат ажурирано својата трансакциска сметка во својот профил на МојДДВ, и од таа причина за тие лица не можат да бидат изготвени налози за поврат. Апелираме до корисниците на апликацијата МојДДВ, да ги ажурираат податоците, односно, да ја внесат личната трансакциска сметка со цел УЈП да може да го реализира повратот на средствата кон корисниците.
 Законскиот рок за реализација, однсно исплата на повратот на МојДДВ за третиот квартал е до 30.11.2024 година.
Откако ќе заврши реализацијата на редовниот поврат (трет квартал), УЈП ќе отпочне и со реализација на средствата за коринисците кои имале неажурирани податоци и немало можност да се исплатат средствата во минатите квартали.