Во Црна Гора, бројот на туристи се приближи до рекордната 2019 година

34

Во моментов во Црна Гора има околу 192.000 туристи, a повеќето доаѓаат од Србија и Босна и Херцеговина. Според официјалната статистика, Црна Гора бележи 90% од туристичкиот промет остварен во рекордната 2019 година, кога земјата заработила околу милијарда евра од туризмот.

“Кога станува збор за структурата на странските туристи, покрај регионот, бележиме значителен број пристигнувања од Полска, Украина, Казахстан и Израел, а имаме посети и од ОАЕ“, рече Александра Максимовиќ од Националната туристичка организација. Додаде дека  хотелите се со исполнетост од 95% од своите капацитети, додека зафатеноста на приватно сместување е 87%.

За разлика од минатата година, црногорската влада на почетокот на сезоната, целосно ги отвори границите за туристите.
Во првите денови од мај, започна акцијата за масовна вакцинација, и до денес, една третина од населението во Црна Гора е целосно имунизирано.
Во последните денови, Црна Гора регистрираше повеќе од 300 пациенти дневно, од кои околу 20% се туристи. Сепак, здравствените власти не најавуваат нови епидемиолошки мерки, поради што се под критика дека владата ги ставила финансиите пред здравјето на граѓаните. Во исто време, црногорската економија имаше пад од 14,3% од БДП во 2020 година поради катастрофалната туристичка сезона.

Фото: Pixabay