Во Црна Гора најмногу странски компании од Турција и Русија

79

Бројот на компании во странска сопственост коишто работат во Црна Гора во 2019 година е 12.429, што во однос на 2018 година е зголемување од 47,8%, пишува Café del Montenegro.

Во Црна Гора најмногу работат странски компании чија земја на потекло е Турција (3.652) или 29,4%. На второ место се компании чии сопственици се од Русија (2.217), односно 17,8% , а потоа Србија со 1.627 со 13,1% и Украина со 711 компании или 5,7%.

“Анализирајќи ја 2019 година, најголемиот број на деловни субјекти во странска сопственост е забележан во Подгорица и тоа 3.806 или 30,6%, Будва со 3.655 или 29,4% и Бар со 1.467 или 11,8%“, покажуваат податоците на црногорската статистика.

Според дејноста, најголемо учество имаат компании од: трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (23,9%), стручни научни и технички дејности (20,7%) и градежништво (14%).

Фото: Freepik