Минатата година, во Црна Гора, 4.190 деловни субјекти биле во странска сопственост, стои во извештајот на Монстат.
“Главна цел на сите странски инвестиции е профит. Стремењето кон освојување на нови пазари е еден од најважните мотиви на странските инвеститори. Странските претпријатија поседуваат потребна технологија и финансиски средства и од нив се очекува да придонесат за ефикасност на домашните претпријатија и да го унапредат управувањето со фирмите”, стои во соопштението.
Најмногу деловни субјекти се со сопственици – основачи со потекло од Русија (32%), Србија (18,7%), Украина (10,6%), Италија (5,2%) и Босна и Херцеговина (4,9%). Фирми со сопственици – основачи од Македонија се 1,7%.
Гледано по сектори, најголем број деловни субјекти во странска сопственост работат со трговија на мало и големо и поправка на моторни возила и мотоцикли (22,6%), градежништво (14,3%), стручна, научна и техничка дејност (15,3%) и недвижности (8%).