
Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Алпарслан Бајрактар, изјави дека оваа година во неколку региони на Турција се пронајдени резерви на нафта со вкупно 57 милиони барели, чија вредност се проценува на четири милијарди долари.
Тој посочи дека најголемите резерви се во Дијарбакир, Габор и Батман. Според него, само во Дијарбакир има помеѓу четири и шест милиони барели нафта и гас од шкрилци.
Тој истакна дека неодамнешните истражувања на бунарот Ѓоктепе-3 во Црното Море откриле 75 милијарди кубни метри гас, што е доволно за да се задоволат потребите на земјата за гас за година и пол.
Бајрактар истакна дека овие бројки веројатно ќе се зголемат до крајот на годината. Тој го нагласи потенцијалот на нафтата и гасот од шкрилци во Дијарбакир, на површина од 600 квадратни километри.
Тој изјави дека Турција соработува со американски компании со цел да ги искористи овие ресурси.











