Во Турција пронајдени резерви вредни 60 милиони барели нафта

100

Турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез изјави дека, покрај откритијата во Црното Море, оваа година на 26 локации на копно се пронајдени резерви во вредност од 60 милиони барели нафта.

Донмез во Анкара го претстави буџетскиот план на Министерството за 2022 година пред Комитетот за план и буџет на Големото национално собрание на Република Турција.

Зборувајќи за употребата на гас во Турција, Донмез рече дека гасот се користел само во пет градови во Турција во 2000-тите.

„Денес, природен гас се испорачува во сите наши 81 покраина, во 604 области. Бројот на корисници на гас во 2000-тите беше 1,3 милиони, додека денес тој број се искачи на 17,9 милиони. 82 отсто од населението на нашата земја доби можност да користи гас, а во моментов 56 милиони луѓе активно користат гас“, објасни Донмез, пренесува Anadolu Agency.