Во Украина се очекува добар принос на житни култури

83

Во Украина, повеќето зимски житни култури, како пченицата и јачменот, се во добра состојба и би можеле да дадат добар род оваа година.
„Анализата на одржливоста на зимските зрна покажа дека огромното мнозинство на растенија се во релативно добра состојба“, објави Украинската академија за земјоделство, а пренесува британски Гардијан.

Според извештајот, површината засадена со зимска пченица во 2023 година, поради руската инвазија на Украина, била намалена на околу 4,1 милиони хектари, во споредба со шест милиони хектари претходната година.

Од пченицата засадена минатата година, само 4,9 милиони хектари беа собрани на територијата под контрола на Украина, додека руските сили окупираа други области.

Приносот на пченица е намален на 20,2 милиони тони во 2022 година, наспроти 32,2 милиони тони во 2021 година.

Вкупниот принос на жито во 2022 година падна на 54 милиони тони, од рекордните 86 милиони тони во 2021 година.