Во услови на санкции – кој купува злато од Русија, и тоа во рубљи?

149

Земјите од ЕУ, САД и другите земји повеќе не купуваат злато од Русија, како дел од санкциите воведени кон земјата.

„Ситуацијата на пазарот на злато не само што се промени, туку драстично се промени, бидејќи ниту една компанија за ископување злато во Русија никогаш не се занимавала со маркетингот како таков“, вели во врска со ова претседателот на „Селигдар“ холдингот – Константин Бејрит, цитиран од Интерфакс.

„Селигдар“ е една од 15-те најголеми компании за ископ на злато во Русија. Покрај златниот кластер, холдингот вклучува лимен кластер и други структури.

Бејрит коментира дека тие работат „со директни купувачи и има попусти на цените, но ние се обидуваме да ги минимизираме – ова е исклучително важно сега, бидејќи гледаме не само на попустот за злато, туку и на девизниот курс на рубљата“. Според неговите зборови, „има многу купувачи кои веќе работат во Русија – тие се од Индија, ОАЕ, Кина“.

Бизнисменот објаснува дека стремежот на руските компании за ископување злато „се две работи – минимизирање на попустот и добивање приходи во рубљи“.

Големи купувачи на пазарот на злато во светот се Индија, со потрошувачка од околу 800-900 тони злато годишно, а Кина – околу 1.000 тони, потсетува Бејрит.

Овие земји сега се и главни купувачи на злато од Русија.