Во Велика Британија отворена првата продавница каде што плаќаш колку можеш

28

food-waste-supermarket-trolleyВелика Британија ја доби првата продавница за храна којашто функционира на принципот платете колку што мислите дека треба, пишува Independent. Продавницата е отворена во близина на Лидс од страна на Real Junk Food Project. Станува збор за магацин којшто е полн со намирници што вообичаено ги има и во сите други супермаркети, само што крајниот рок им е при крај или имаат оштетена амбалажа. Наменета е за оние кои не се во можност да ги платат регуларните цени.

Проектите од ваков тип освен што им помагаат на сиромашните и загрозените групи на луѓе, ја штитат и животната средина. Тие стануваат се побројни во светот. Real Junk Food Project ја отвори првата продавница од ваков тип откако забележа голем успех со кафетериите што работеа на ист начин.

Официјалното отворање на случи на 29 август, а одговорните се надеваат дека продавницата што сè уште нема име ќе работи седум дена во неделата.