Во Велика Британија затворени најмногу пабови од 2021 година

Бројот на пабови во Англија и Велс падна под 39.000 за прв пат оваа година, откако многумина засекогаш ги затворија вратите под притисок на зголемените трошоци и штедењето на потрошувачите, покажуваат статистиките.

Податоците покажаа дека 412 пабови биле затворени или пренаменети во текот на годината до декември.

Затворањата на пабовите се резултат на зголемените трошоци и претпазливоста на потрошувачите оптоварени со високите трошоци и зголемените цени. Дополнително, буџетските мерки ќе стапат на сила во април 2025 година кои би требало нагло да ги зголемат трошоците за многу сопственици на пабови.

Вкупниот број на пабови во Англија и Велс, вклучувајќи ги и оние празни и понудени за изнајмување, рече Хина, падна на 38.989.

Во текот на годината во просек се затворале по 34 пабови месечно, што значи дека процесот се забрзува. Имено, бројот на пабови падна најмногу од 2021 година, кога беа погодени од пандемични ограничувања и скок на цените на енергијата.

Од почетокот на 2020 година има дури 2.000 помалку британски пабови.

Најновите податоци покажаа и дека Лондон изгубил најмногу пабови во 2024 година, со дури 55, па сега има 4.370.

„Многу сопственици на пабови со кои разговараме се многу загрижени дека ова би можел да им биде последен Божиќ со оглед на комбинацијата на зголемени трошоци за работодавците, зголемување на минималната плата и намалување на даночните олеснувања за малите бизниси“, рече аналитичарот на Алтус Груп, Алекс Пробин.

„Пиварниците и пабовите инвестираат милијарди и поддржуваат повеќе од милион работни места, така што затворањето може да има катастрофален ефект врз националниот буџет и пазарот на трудот“, изјави извршната директорка на Британската асоцијација за пиво и пабови, Ема Мекларкин.