Во саботата, американскиот ланец за брза храна McDonald’s го отвори својот прв ресторан во Виетнам, таргетирајќи ја средната класа во оваа земја.
Саботата утрото, во Хо Ши Мин, стотици луѓе чекаа во ред, а некои дошле многу пред почетокот на работното време на ресторанот, јавува BBC.
Франшизата за рестораните ја добил зетот на премиерот на Виетнам, Нгујен Тан Дунг.
McDonald’s има преку 35.000 ресторани во преку 100 земји во светот, а во Виетнам конкуренција ќе му бидат KFC, Burger King, Subway и Pizza Hut.