Во второто тримесечје 4.873 слободни работни места

27

imagesСпоред податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија во второто тримесечје годинава имало речиси 5.000 слободни работни места, од кои најголемиот дел во скопскиот регион, 1.617.

Бројот на слободни работни места во вториот кваратал изнесува 4.873, додека стапката на слободни места 1,14%. Највисока стапка на слободни работни места има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна и изнесува 3,9%, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 0,06%.

Најмногу слободни работни места има кај претпријатијата со 10 до 49 вработени каде стапката изнесува 1,59%. Во второто тримесечие во овие претпријатија имало 1.559 слободни работни места.

Најголем број на слободни работни места, односно 1.601, има за работници во услужни дејности и продажба.