Водафон договори бизнис со Мајкрософт во вредност од 1,5 милијарди долари

23

Британската телекомуникациска компанија Водафон договори десетгодишна соработка со американскиот технолошки гигант Мајкрософт за да го унапреди развојот на генеративната вештачка интелигенција (ВИ), услугите за компјутерски облак и други дигитални и деловни услуги за повеќе од 300 милиони свои клиенти, бизниси и потрошувачи во Европските и африканските пазари.

Водафон ќе инвестира 1,5 милијарди долари во развој на вештачка интелигенција наменета за корисниците кои ги користат технологиите Microsoft Azure, Open AI и Copilot и ќе ги замени физичките центри за податоци со поевтино и поудобно виртуелно складирање на Azure, пренесува CNBC.

За возврат, Мајкрософт ќе инвестира капитал во IoT (Интернет на нештата) платформата на Водафон, која ќе биде формирана како посебен бизнис на Водафон во април 2024 година.