Vodafone авантура – додајте му моќ на животот

30

vodafone

Британската телекомуникациска компанија Vodafone направи одлично видео со кое сака да ја демонстрира брзината на својата мрежа. Проектот е сниман шест дена во Данска, Германија, Чешка и Романија, во период кога делови од Европа беа зафатени од најлошите поплави во последните 10 години.

Филмот скоро целосно е сниман со рачна камера, што му овозможи на тимот да фати повеќе природни движења, кои потоа се искомбинирани со 3D, CGI и акција во живо.

Идејата е на германската маркетинг агенција Jung von Matt/Alster, а режијата е на Себастиан Штрасер.