Vodafone во трка да го преземе тронот на Huawei, Ericsson и Nokia

31

Вториот најголем телекомуникациски снабдувач во светот, Vodafone тестира нова технологија со којашто планира да го преземе тронот на пазарот.

Huawei, Ericsson и Nokia моментално се на врвот кога станува збор за телекомуникациска опрема и мобилни мрежи, но британскиот оператор со OpenRAN ветува алтернатива за корисниците.

Технологија е развиена во тесна соработка со групацијата Telecom Infra Project (TIP) којашто е под “капата“ на Facebook. Со OpenRAN ќе се олесни пристапот до радио мрежата (RAN), еден од најскапите делови од инфракструктурата.

Со помош на новата технологија операторите ќе можат да извршуваат мрежни функции базирани на софтвер на стандардни сервери.

На овој начин ќе може да се користи еден добавувач за радио опрема, а друг за процесори, нешто што во моментов не е возможно.

Vodafone веќе ја тестираше OpenRAN во Демократска Република Конго и Мозамбик, а на развиените пазари, Велика Британија ќе биде прва што ќе “подлегне“ на тестирањето.

Целта на операторот е да се зголеми бројот на компании што продаваат телекомуникациска опрема. Vodafone веќе започна да соработува со неколку нови како американските Parallel Wireless и Mavenir и британксата Lime Microsystems.

Фото: Vodafone