Водечкиот спортски бренд ги поместува границите: За кого се наменети новите патики?

219

На почетокот на годинава на веб страницата на Nike се појавија интересни патики, кои наместо да “лежат“ рамно на земја – имаат лента што го свиткува ѓонот во средината, со што се создава невообичаено голем отвор за стапалото.

Овој пар чевли е создаден за лица со инвалидитет, кои треба само да ги туркаат прстите во просторот за стапалото, надолу и да притиснат со петицата.

Станува збор за моделот Go FlyEase, кој всушност претставува напредок во обидите на Nike да направи патики што може да се облечат и соблечат без многу напор.

Патиките потекнуваат од идејата за hands-free обувки, а на Nike во тоа и помогна Сара Рајнертсен, на која и е ампутирана едната нога пред речиси четири децении, односно кога имала само седум години.

Денес, Сара е успешна параолимписка триатлонка, која ги претставуваше САД на Параолимписките игри и постави рекорди на маратонот. Таа започна да работи со Nike како спортист спонзорирана од компанијата, а потоа стана “вработена со полно работно време“, пишува Блумберг.  

Патиките се продаваат по цена од 120 долари.