Војната во Украина го намалува БДП на Западен Балкан

76

Војната против Украина ќе има сериозен ефект врз економиите многу подалеку од непосредната област на конфликтот, според новото истражување на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

Европската банка за обнова и развој ја намали прогнозата за раст на Западен Балкан во просек за 0,9 отсто во однос на проекциите за ноември 2021 година.