Воланот на Tesla се распаѓа по 40.000 километри? ФОТО

28

Денес, дури и најевтините автомобили имаат управувачи кои ќе траат неколку години и најмалку 100.000 километри пред да почнат да се распаѓаат.

Дури ни кога станува збор за Tesla со најновиот „јарем“ волан.

Така барем навестуваат бројните објави на социјалните мрежи, каде некои сопственици, разочарани од квалитетот, објавија фотографии од воланот по неколку десетици илјади километри.

Сопственик на Tesla Model S Long Range опремен со „иновативен“ волан по поминати помалку од 40.000 километри покажа волан на кој веќе паднале три парчиња.

Популарниот TikToker jf.okai објави дека неговиот волан брзо се распаѓа по само 20.000 извозени километри. Најекстремниот случај го објави Твитер профилот Meet Kevin кој изјави дека истите работи ги доживеал по само 6.500 поминати километри.

Во моментов на социјалните мрежи има бројни дискусии на оваа тема. Така, приврзаниците на Tesla вината ја префрлаат на корисниците, наведувајќи дека за се се виновни нивните пороци. Така, утврдено е дека еден корисник бил фатен додека возел под дејство на алкохол, при што констатирале дека распаѓањето на површината на воланот е поради контаминација на површината со алкохол.

Други гледаат пообјективни причини во прекумерната употреба на средства за дезинфекција, наведувајќи примери на луѓе чии дланки многу се потат, додека други го гледаат проблемот во претерано долгите нокти. Според многумина, најдобро е да користите ракавици за возење. Малку неочекувано во денешно време за нов автомобил од оваа цена.

Да речеме и дека Tesla нема ПР-служба, па до објавувањето не добивме никакво официјално соопштение.