Volkswagen го намалува производството поради ширење на зараза меѓу вработени

32

Германскиот производител на автомобили, Volkswagen објави дека е принуден да го намали производството откако коронавирусот почна да се шири меѓу вработените кај еден од неговите добавувачи.

Ширењето на заразата предизвика запирање на работата во партнерската компанија што го снабдува VW со пенасти делови и компоненти за седишта.

Од таа причина е намалено производството, но не се наведува кога ќе биде нормализирана работата.

Вкупно девет милиони работници во Германија во ноември се пријавени во рамки на програмата за државна помош. Работниците кои ќе останат без работа поради кризата што ја предизвикаа пандемијата, ќе можат да се пријават во програмата за државно субвенционирање на плати.

Фото: Freepik