Volkswagen го укинува својот најпродаван производ

195

По 50 години од наредната недела, работниците од фабриката Volkswagen во Волфсбург повеќе нема да можат да јадат познатата колбас currywurst, бидејќи една од кафетериите во фабричкиот круг ќе стане чисто вегетаријанска. Продаваат околу седум милиони од нив секоја година, а сега дојде крајот бидејќи месото ќе биде забрането во фабричката кантина, пренесува Вечерњи лист.

Од неколкуте кафетерии што го опслужуваат масивниот фабрички комплекс во Волфсбург, одлуката за отстранување на колбасот од менито во моментов важи само за една која се наоѓа во административното седиште. Почнувајќи од 20 август, таму ќе се служи исклучиво вегетаријанска храна.

Овој потег е дел од планот за исклучување на месото од фабричките фарми од исхраната на работниците до 2025 година. Извршниот директор на германската компанија, Херберт Дис, вели дека веганскиот currywurst веќе е достапен во некои кафетерии, како и дека состојките со повисок квалитет ќе ги направат работниците поздрави.

Volkswagen започна со производство на сопствен колбас во фабричка месарница во Волфсбург во 1973 година. Компанијата произведува 18.000 колбаси дневно, што е повеќе од бројот на склопени автомобили дневно.  Фабриката за колбаси на Volkswagen, по сопствен рецепт, произведува дури 6,8 милиони колбаси годишно, кои, покрај фабричките ресторани, се извезуваат и продаваат во 12 други земји. Затоа честопати на шега ги нарекуваат најбројниот или најпродаваниот производ на Volkswagen.

Фото: Pixabay