Volkswagen и Microsoft ја потврдија соработката за автономни возила

68

Потврдувајќи го партнерството oд 2018 година, германскиот автомобилски гигант Volkswagen и американскиот технолошки гигант Microsoft  објавија дека ги здружуваат силите во развојот на  автономни системи за управување возила.

Volkswagen соопшти дека има за цел да го забрза развојот на ваквите системи, кои сè повеќе стануваат норма во автомобилската индустрија, бидејќи се префрла на електрични возила.

“Ова е следниот чекор во нашето стратешко партнерство“, изјави извршниот директор на Microsoft, Скот Гатри.

Компаниите не дадоа информации за финансиските детали за договорот.

Volkswagen и Microsoft соработуваат од 2018 година за создавање (Cloud) платформа за облак.
Volkswagen планира да инвестира околу 27 милијарди евра на ова поле до 2025 година.

Фото: Pixabay