Volkswagen инвестира пет милијарди долари во Rivian

40

Групацијата Volkswagen планира да инвестира до 5 милијарди долари во стартапот за електрични возила Rivian, со почетна инвестиција од 1 милијарда долари. По објавувањето, акциите на Rivian скокнаа за речиси 50 проценти.
Првата милијарда долари од Volkswagen ќе биде во форма на конвертибилна обврзница, која ќе може да се претвори во акции на Rivian по 1 декември.

Извршниот директор на Rivian, Роберт Р.Ј Скаринге рече дека финансирањето ќе му помогне на Rivian да има позитивен на готовинскиот тек и ќе му овозможи да го зголеми производството на помалиот SUV R2 во неговата фабрика во Нормал, Илиноис, што треба да започне во 2026 година, пренесува CNBC.

Фолксваген ќе биде вториот традиционален производител на автомобили што ќе преземе удел во Ривиан, по Форд, кој излезе од партнерството во 2023 година.

Фото: facebook